Ковачевски: Средбата со Петков ја истакнува важноста од дијалогот меѓу две соседни земји

од Nikola Popovski
158 прегледи

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков кој пристигна во еднодневна официјалната посета на нашата земја.

-Ми претставува задоволство и голема чест што денеска сум домаќин на владина делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков, кои се во официјална посета на Република Северна Македонија. Денешните средби ја истакнуваат важноста на интензивната соработка и дијалогот меѓу две соседни земји, базиран на европските вредности и меѓусебното почитување, објави Ковачевски на својот Фејсбук профил.

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Слични содржини