Ковачевски: Стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата

од Берта Китинска
174 прегледи

80.000 граѓани во нашата земја ќе добијат најмалку 18.000 денари минимална плата во мартовската исплата, пишува на свјот Фејсбук профил, премиерот, Димитар Ковачевски.

-Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2014 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Оваа мерка ќе влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани.Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите, за извлекување на десетици илјади наши граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, пишува Ковачевски.