Ковачевски: Струја, греење и храна мора да има

од Берта Китинска
166 прегледи

Струја, греење и храна мора да има. Работа на Владата, мојата работа е да овозможам сите заедно да ја пребродиме зимата на најдобар можен начин, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски, споделувајќи видео од донесените антикризни мерки.

-Со овие антикризни мерки, активно и секојдневно се справуваме и ќе се справуваме со последиците од енергетската криза, напиша тој.