Главен преговарач на Македонија за пристапување во Европската Унија ќе биде вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, информираше денеска, премиерот Димитар Ковачевски.
-Преговори официјално започнаа. Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година, тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија,ќе работием посветено за нашата земја да биде во чекор со другите членки.Нашата иднина е во ЕУ, рече Ковачевски.
Тој апелираше до опозицијата да се вклучи и да го помогне овој процес за да може да биде завршен што побрзо.