Ковачевски: Цените на природниот гас во октомври имаат надолна линија на берзите

од Nikola Popovski
220 прегледи

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски информира дека РЕК Битола е подготвена да го издржи товарот на енергетската криза во периодот кој што претстои.

-Блок 2 е постојано во режим на работа, а во наредниот период ќе се стави во функција и блок 3. Направивме три капитално ремонти на трите блока поединечно, рече Ковачевски во емисијата „Трилинг“.

Според него околу природниот гас, договорот бил да набавиме само за првите 15 дена од грејната сезона, затоа што цените во октомври имаат надолна линија на берзите.

-Доколку склучевме договор пред месец дена или повеќе, цените беа двојни или тројно повисоки од сегашните. Ќе направевме штета или ќе го оштетевме државниот буџет и на компанијата за повеќе милиони, појасни Ковачевски.

Слични содржини