Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека струјата во Клиничкиот центар нема да биде исклучена. Ова следува откако утрово ЕВН ја исклучи електричната енергија во депо и објект на Македонски Железници-Транспорт поради неисплатен долг кон компанијата.
-Клинички нема да биде исклучен. Струјата во МЖ е вратена, рече премиерот.
Тој истакна дека Владата предвиде средства и штом Собранието ќе ја направи прераспределбата на средствата во Буџетот, ќе се платат сметките на должниците.
-Штом биде одобрена, веднаш ќе се платат сметките од страна на Владата. Се надевам на експидитивност на пратениците за одобрување на финансиски средства, кажа Ковачевски на прес-конференција.
Вкупниот долг на државните и јавни институции за струја е над 40 милиони евра.