Ковачевски: Украинскиот политичар доби државјанство врз основа на позитивните мислења од сите релевантни институции

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на укринскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство“, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери.

Нормално е, додаде тој, како Влада да побараме и други испитувања за да видиме дали постојат и некакви други информации кои што треба да бидат замени во предвид.

Слични содржини