243
Честитки до новоизбраниот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов.Верувам дека со вредниот и посветен пристап, како што работи и Владата, многу прашања од витална важност за квалитетот на живот на граѓаните и преку политиките на рамномерен економски раст, ќе добијат европски решенија, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски, по официјализирањето на министерската функција на Пенов.
-Благодарност до мнозинството пратеници во Парламентот кои дадоа поддршка на уште едно проевропско решение во Владата, со што и во доменот на локалната самоуправа, ќе се решаваат потребите на граѓаните на европски начин, според европски стандарди, напиша КОвачевски.