Ковачевски: Уставот не е обична книга која ќе се отвори кога ќе се посака

од Nikola Popovski
277 прегледи

Не се согласувам со отворањето на клубот со име „Ванчо Михајлов“ затоа што тој е дел од темната страна на историјата и тоа е провокација, истакна премиерот Димитар Ковачевски околу отворањето на бугарскот клуб.

Тој појаснува дека треба да се отвораат културни клубови во соседни држави.

-Ние имаме таков во Софија,а бугарите имаат таков во Скопје. Преку отворање на објекти се зајакнува соработката и пријателството меѓу граѓаните. Во однос на отворањето на македонски културен центар во Благоевград, името ќе го избереме до крајот на годината. Немав билатерална средба со Петков во Александрополис и немав можност да разговарам околу последните случувања, рече Ковачевски.

Околу отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите во него, премиерот вели дека ние сме единствена држава во Европа со министерство за правата на заедниците.

-Нашиот Устав предвидува дека индивидуалните права можат да се остварат колетивно според Уставот. Легитимно е барањето на граѓаните и тоа ќе биде на предмет на разговор. Уставот не е обична книга која може да се отвори и затвори кога ќе се посака. Ако се одлучиме на тоа, мора да биде поддржано од сите политички партии во Собранието, кажа премиерот во емисијата „Клик плус“.