Ковачевски утре на координација со коалициските партнери, ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе има средба на коалициските партнери кои се дел од Парламентот и од Владата, на која меѓудругото ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските.

На таа средба, вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

Додаде оти ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Македонија и усогласување со системот на ЕУ.