Ковачевски веќе ги започнал разговорите за широк европски фронт

од Nikola Popovski
235 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека со дел од коалициските партнери веќе се започнати разговорите за широк европски фронт и истакна дека како што одминува времето така и ќе се интензивираат во однос на настапот на изборите.

-Техничката влада е законска обврска. Исто како мене да ме прашате дали ќе поднесам оставка на 100 дена пред влада, а јас да ви кажам не, ќе поднесам на 96. Тоа е непочитување на закон. Сите партии треба да ги исполнат своите обврски, за да не се остави дамка на процесот, кажа премиерот при посетата на општина Струга, по повод увид во реконструкција на ООУ „Браќа Миладиновци”.

Централниот одбор на СДСМ синоќа му даде вакво овластување на партискиот претседател Димитар Ковачевски, како што беше соопштено, врз основа на иницијативата за широк Европски фронт.

ЦО го утврди Јован Митрески за кандидат на СДСМ за претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година.

Слични содржини