Ковачевски: Ветив дека ќе направиме сѐ, Белград реши да ја изземе С.Македонија од забраната за извоз на природен гас

од Берта Китинска
157 прегледи

Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна, мора да има за сите, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас.Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата, напиша тој.