Ковачевски: Владата ќе се сретне со секого, но ингеренциите за јавниот превоз се кај Градот Скопје

од Nikola Popovski
227 прегледи

Државата односно Владата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата. ние тогаш кажавме дека УЈП треба да проверат за што точно се работи и да ги погледнат извештаите. Тие мора меѓусебе низ законска процедура да ги дефинираат обврските и исполнувањето кои што ги имаат. Ако реши Градот Скопје да се откаже и да не се занимава со јавен превоз, тогаш државата треба да ги преземе тие ингеренции, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски за проблемите со приватните превозници и долгот што ЈСП го има кон нив.

Тој додаде дека Владата ќе има средба со секого, вклучително и со приватните превозници, но повтори дека ингеренциите за јавниот превоз се во Градот Скопје.

-Замислете ако Градот Скопје има проблем со Водовод. Ако на пример каже дека не се задолжени со вода во градот, како што кажа со топлинската енергија, тогаш зошто сме правеле децентрализација во државата?, праша Ковачевски.

Приватните превозници вчера повторно протестираа пред дирекцијата на ЈСП Скопје. Бараат од Градот да им се подмири долгот кон двете компании „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање.

Слични содржини