Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска одговори на прашањето дали ќе направат широка владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
-Многу јасна беше искажаната мојата позиција и позицијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ околу внесувањето на делови од другите народи во Преамбулата на нашиот Устав. Се обелодени дека овој парламентарен состав има легитимитет тоа да го направи, иако пред тоа ВМРО-ДПМНЕ викаше дека нема. Се покажа дека и Владата има легитимитет да ги спроведе, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ побара да биде дел од неа, при што веднаш беше понудено братски да остапиме 50% од местата, рече Ковачевски, по увид на санацијата на системот за наводнување „Макарија“ кај Росоман.
Ковачевски порача дека оваа одлука во Собранието треба да се донесе заедно.
-Се работи и за детали и рокови, истакна премиерот.