Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ смета дека вино се прави од стиропор

од Nikola Popovski
255 прегледи

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски претставува политичка партија која што докажала, покажала и смета дека вино се прави стиропор.

-Ние покажавме дека вино се прави од грозје, тоа е разликата, рече Ковачевски денес од винарија во Трубарево.

Ковачевски потенцираше дека СДСМ го вреднува трудот на земјоделците. Над 7 милиони евра субвенции и годинава се исплатија точно на празникот Свети Трифун на сметките на лозарите. Како и другите земјоделци, на крајот од 2023 година им беа исплатени 30% авансно од субвенциите за 2023 година, или 12.000 денари, со што вкупната субвенција што лозарите до сега ја добија, изнесува 52.000 денари по хектар.

Трипуновски стана дел од МЗШВ согласно прописите од Техничката влада. Тој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини