Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е внесена нова динамика во разговорите со Бугарија и договорен нов пристап во разговорите, свртен на реални теми.
Тој додаде дека очекува резултати и од Комисијата за образовни и историски прашања и динамична работа. Посочи дека таа работи по своја методологија и вклучува професори по историја.
„Таму ветија дека ќе има нова динамика во наредниот период, со цел да дојдат до решенија кои тие ќе можат да ги презентираат пред јавноста“, додаде Ковачевски.
Тој кажа дека сите комуникации меѓу македонското и бугарското министерство за надворешни работи се во фаза на работни документи.
Но, според него, доколку се дојде до прифатливо решение за двете страни, тогаш тоа ќе биде комуницирано, согласно со процедурите, законите и Уставот.