142
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Париз, денеска ќе оствари официјална посета на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).
Премиерот Ковачевски ќе има свое обраќање во 10:00 часот на маргините на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз.
На официјалната посета на УНЕСКО премиерот Ковачевски, ќе биде пречекан од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.