Ковачевски во посета на еден од најстарите христијански верски објекти во Струга

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Денешната посета на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, еден од најстарите христијански верски објекти во градот, кој датира од средината на 13 век, беше огромна чест за мене, сподели премиерот Димитар Ковачевски.

„Оваа црква е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа, со специфична архитектура, импресивен резбан иконостас изработен во духот на најубавите дела на мијачката копаничарска традиција, дом на една од најубавите и најстарите икони во светот „Св. Ѓорѓи“ заштитникот на Струга, центар на општествениот и верски живот на стружани.

Ние сме богата земја на многу начини, исклучително е важно да се негува традицијата и културното наследство кое го имаме“, додаде тој.