Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека на лидерската средба на владината коалиција бил обрзложен процесот и предлогот.
-Разговаравме со детали и факти. Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас, рече Ковачевски.
-После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен јавно, додаде премиерот.