Ковачевски во работна посета на Париз

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе биде во работна посета на Париз.

Премиерот Ковачевски, во рамки на работните активности ќе оствари официјална посета на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) и ќе се обрати пред земјите членки на маргините на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО, која се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз. На официјалната посета на УНЕСКО премиерот Ковачевски, ќе биде пречекан од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Во рамки на посетата премиерот Ковачевски заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отварањето на 6-от Париски мировен форум. Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот. Предвидено е премиерот Ковачевски да има обраќање на сесијата на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзување на Одржливите развојни цели”.

Во рамки на Парискиот мировен форум, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски придружуван од сопругата Елена Ковачевска, ќе присуствуваат на вечера организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит Макрон, а во чест на шефовите на држави и влади учесници на Парискиот Мировен форум.

Слични содржини