Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет.
-Високо ја ценам неговата поддршка и интерес за нашата земја во овие клучни моменти за државата. Во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, го информирав Советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог.
Нашите определби се јасни, демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет за нас немаат алтернатива. Тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.