Претседателот на Владата на С.Македонија, Димитар Ковачевски, престојува во Тирана, каде што присуствува на средби со премиерите на земјите од Западен Балкан за претстојниот самит на Берлинскиот процес.
„На работен ручек со премиерите на Албанија, Еди Рама, Дритан Абазовиќ од Црна Гора, Димитар Ковачевски од Северна Македонија и европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји. Разговаравме за продолжување на европската интеграција на Западен Балкан, како и за претстојниот самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин ќе биде Тирана“, сподели премиерката на Србија Ана Брнабиќ за средбата.
„Разменив впечатоци со колегите од регионот за ефектите од иницијативата Отворен Балкан, која продолжува непречено да функционира и носи повеќекратни придобивки за сите граѓани на членовите на иницијативата“, додаде Брнабиќ.