Ковачевски: Врзувањето со датуми ни покажа дека беспотребно се подгрејуваат очекувањата

од Берта Китинска
201 прегледи

Врзувањето со датуми во минатото ни покажа дека беспотребно се подгрејуваат, очекувањата тогаш и многу лесно се доаѓа до разочарување, вели во интервју за „Ал Џазира Балканс“, премиерот Димитар Ковачевски.

-Ние имаме јасна цел, а таа е да ги почнеме преговрите со ЕУ, ова нема да биде уште едно вето ова ќе биде не кревање на ветото коешто го постави минатата бугарска влада, кажа Ковачевски.