Ковачевски-Вуцас: Австрија е стратешки економски партнер на Македонија

од Nikola Popovski
189 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.

На состанокот е изразена силна поддршка од Република Австрија за европерспективите на Република Северна Македонија. Воедно, поздравена е новата динамика во преговорите помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што ѝ ја дава Австрија на Северна Македонија во сите области.

„Република Австрија е стратешки економски партнер на нашата држава и голем пријател и поддржувач на демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме билатералните односи помеѓу двете држави. А на планот на евроинтеграциите посветени сме на изнаоѓање решенија во духот на европските вредности”, рече премиерот Ковачевски.

Слични содржини