Премиерот Димитар Ковачевски на денешната тематска владина седница на која единствена точка е одбележување на постигнувањата на Владата и на министерствата во првите 100 дена од работењето истакна дека најзначајните работи направени во овој период е одговорното и целосно посветеност.
– За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри, што прифатија да бидат дел од тимот, кој заеднички се стреми да им служи на интересите на сите граѓани без исклучок, рече Ковачевски.
Клучен прв приоритет, нагласи премиерот Ковачевски, е справување со енергетската криза, што е пред се европска енергетска криза, а се чувствува и кај нас, а доби дополнително загрижувачки димензии со војната во Украина. Следен приоритет на владата, според него, е заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во насока на економската криза, која произлегува од енергетската и воената криза.Исполнувањето на целите во однос на големите инфраструктурни проекти, истакна Ковачевски, е исто така приоритет, а подеднаква важност имаат и евроинтеграциите како наша стратешка цел.
Новата Влада, потсети премиерот, јасно ги дефинираше приоритетие за работа, креирана е програма, потсети, која е надградена врз основа на изборниот легитимитет добиен на изборите во 2000 година, со тоа што се вградени програмските определби на новиот коалициски партнер Алтернатива. Дополнително, истакна Ковачевски, во програмата на оваа Влада, вклучени се и нови автентични програмски цели, неопходни произлезени од нови предизвици.