Премиерот Димитар Ковачевски вели дека верува дека е напарвен ненамерен пропуст на неговото отстранување од заедничката фотографија со бугарскиот шеф на владата Кирил Петков и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
-Веќе имаше вчера изјава од прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков со нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој што е даден од бугарската страна е тој кој што е вистинскиот, рече премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите.