Имаме одлука за забрана за прелет на руски авиони. Одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки, кажа премиерот Димитар Ковачевски во врска со воздушниот простор за лет до Белград на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Тој кажа дека забраната важи за сите.
– Ние имаме целосно усогласена надворешна политика со политиката на ЕУ. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман во однос на одлуката која што е донесена која е во сила и која останува во сила. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман – рече Ковачевски.