Ковачевски за Митрева: Нејзиното дело и придонес остануваат трајно богатство за државата

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски изрази длабока жалост и сочувство по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Илинка Митрева.

-Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја. Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните. Нека почива во мир, објави премиерот на социјалните мрежи.

Претходно сочувство изразија и претседателот Стево Пендаровски и партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини