За нашите граѓани, животот во ЕУ не значи карта во еден правец или иселеничка виза, туку гаранција за подобар стандард, за повисоки платени работни места и европски вредности, но тука дома во нашата држава, рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на европски можности“.
Премиерот истакна дека за него и Владата е важно што земјата покажа отпорност на сите кризи.
-Опстоивме на нашите ветувања за подобар живот. Го исполнивме ветувањето за поголеми плати. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година и понатаму ќе расте, кажа меѓу другото претседателот на Владата.
Според него, невработеноста во земјава за првпат во 2025 година ќе биде едноцифрена.
Ковачевски истакна и дека странските инвестиции во земјава се 754 милиони евра, во споредба со изминатите години.