Ковачевски за негласањето на Амнестијата: Пратениците имаат суверено право, не треба да влијае на односите во владините редови

од Nikola Popovski
254 прегледи

Уште кога беше предложен предлог-законот за амнестија, постоеја различни ставови во ефектите на законот. Намерата беше да се растоварат затворите, со оглед на нивната комплетна пополнетост и ставот на министерот Лога беше дека тоа ќе се направи со закон, кој што веќе еднаш е гласан во Собрание, вели премиерот Димитар Ковачевски за денешното негласање на законот во Собранието и дали постои криза во владините редови после ваквиот расплет на ситуацијата.

Според премиерот, постоеле аргументи кои што велеле дека претходниот закон не ги дал посакуваните ефекти, со оглед дека најголем дел од тие што биле амнестирани, веднаш потоа биле сторители на исти кривични дела и повторно се вратиле во затворите.

-Владата ја донесе одлуката и му се даде можност на министерот за правда да го образложи предлог-законот, кој што е и подносител. Пратениците во Собранието имаат суверено право да гласаат во свое име и име на граѓаните. Запазена е целата ситуација и сметам дека ова не треба да влијае во односите на коалиција, кажа Ковачевски.

Лога е дел од партијата Алијанса на Албанците, која е дел од владеачкото мнозинство.

Слични содржини