Премиерот Димитар Ковачевски ја поздрави акцијата на МВР и на обвинителството за случајот на Онкологија и рече дека ќе има одговорност, но повика да не се прави сензационализам и да не се напаѓаат сите лекари и медицински сестри поради неколкумина.
„Тоа се грозни наводи кои не смеат да се случуваат, а за кои сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена ваква акција за идентфикација на сторители на вакви дела. Да повикам да не се прави сензационализам и напад на сите доктори и сестри. Најголемиот персонал се извонредни кадри кои се грижат за нашето население. Секој криминал има име и одговорност и задачата на МВР и на ОЈО е да обезбедат докази и да ги најдат сторителите.
Нема да има заштита за било кого, се работи за грозни наводи кои се предмет на истрагата. Гледам по медиумите, посебно социјалните, дека се сака да се креира слика на вмешаност само на одредени лица во зависност од нивната припадност, она што можам да кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен“, рече Ковачевски.