Ковачевски за „Отворен Балкан“: Колку повеќе не има, толку поголеми придобивки за граѓаните

од Берта Китинска
162 прегледи

Се надевам дека веќе на следниот самит, кон иницијативата Отворен Балкан ќе се приклучат Босна и Херцеговина и Црна Гора. Колку повеќе не има, толку поголеми придобивки за граѓаните и на нашите земји. Отворен Балкан е проект за развој и стабилност на регионот и драго ми е што се повеќе држави тоа го препознаваат, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

-На билатерални средби разговарав со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија. На средбите ги потенцирав придобивките и можностите од нивното вклучување во иницијативата, но и кратко поразговаравме за актуелните политички прашања и односите помеѓу нашите земји. Ми беше голема чест што утрово на самитот ни се придружи и амбасадорот Кристофер Хил кој е искрен поддржувач за евроинтеграција на целиот Западен Балкан, напиша Ковачевски.