Доаѓам од приватниот сектор и секогаш кога разговарате за некој кој што менаџира со одредена компанија, тогаш треба да се споредат перформансите со примањата. Вчера опозицијата објавија примања на директори на МНАВ кои имаат примања неколкукратно поголеми од сите примања во државата. Висината на тие примања не знам како е определена. Знам дека таму при определувањето на платата има удел и меѓународните организиции во кои таа компанија членува, вели премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање околу висината на платите во МНАВ.
Ковачевски истакна дека не може менаџерски договор да има само бенефит за еден директор, туку треба да има и и одговорности.
-Јас откако сум премиер, има директорски позиции со нови директори и треба да се работи да се изберат вистински луѓе на вистинско место. Од тие кои што јас сум ги поставил, не гледам недостатоци во работата, туку добро си ја работата работата. Се надевам дека така и ќе продолжат. Во однос на висината на платите, тоа се решава со правење на Закон за плати. Во моментов имаме неконзистентност на плати. Затоа предложив со Законот да се дефинира највисоката плата во државата во јавната управа и сите плати потоа ќе бидат во зависност од таа плата. Тоа веќе постои, има и кај држави-членки од ЕУ, но и земји од регионот. Веќе на тоа работи Министерството за информатичко општество. Нема да отстапам од тој концепт дека мора да има Закон со кој што ќе се стави ред и конзистентност во примањата на раководните лица, одговори Ковачевски.