Ковачевски: За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17

од Nikola Popovski
136 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денес во Јосифово, Општина Валандово присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка „Детелинка”.

Оваа градинка ќе згрижи околу шеесетина деца. Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово, не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање нови работни места.

-Проектот за изградба на нови градинки низ државата рамномерно ги опфаќа сите градови и места каде има потреба од згрижување на деца. Благодарение на бројните мерки што ги презедовме досега, постигнуваме резултати. За прв пат во историјата на државата со поддршка на Владата предводена од СДСМ се изградени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца. За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Како Влада обезбедуваме услови за оптимален развој на детето, помагаме на родителите во воспитување на децата, бидејќи важно е што поголем број деца да одат во градинка и да стекнуваат добри навики уште во најраната возраст, изјави Ковачевски во обраќањето.

Тој посочи дека на почетокот од мандатот ветил дека Владата што ја предводи соодветно ќе одговори на енергетската криза, ќе обезбедува сигурност, услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани и за нашите деца.

-И сето тоа го правиме, секоја општина, секое населено место, секое парче од оваа земја за нас подеднакво е важно, стари, млади, родители, деца, студенти, ученици, вработени, невработени, социјални случаи, најранливи категории граѓани, ние не исклучуваме и не изоставивме никого. Во време на тешка здравствена и економска криза, ја зголемивме минималната плата, ги покачивме пензиите. Пензионерите кои имаат најмали пензии овие четири месеци ќе добијат дополнителна финансиска, помош никој не треба да се мисли дали да купи млеко или потребниот лек, дали ќе има леб, ако плати струја. Поддршка добија и ранливите категории граѓани. Ја субвенционираме струјата, за сметките да бидат 5 пати пониски во однос на тоа што би го плаќале граѓаните. Децата, учениците мора да одат во училиште, нема изостанување од настава поради греење, затоа донесовме мерки за училиштата и болниците да набавуваат поевтина струја, рече Ковачевски од Јосифово.

Слични содржини