Ковачевски за случајот со Зекири: Не толерирам никого

од Берта Китинска
271 прегледи

Не толерирам никого, без разлика на неговата политичка припадност и се придржувам на тоа. Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од страна на Јавното обвинителство, генералниот секретар поднесе оставка, таа во истиот момент беше прифатена и на наредна седница е именуван нов генерален секреатар на Владата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, премиерот потсети дека согласно извадокот од 67. седница на Владата, генералниот секретар на Владата бил задолжен да обезбеди консултантски услуги за изработка на физбилити студија за реорганизација на Пошта и за тоа да ја информира Владата.

-Откако дојдов на функција претседател на Владата, до Генералниот секретаријат на Владата, во врска со овој договор се обрати Бирото за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за финансиски истраги со барање на комплетна документација за предметот од 01.10.2021 година. До Бирото беа доставени договорот, заклучокот од седница на Влада и копија од фактурите по која е вршена исплата, како и анализа изготвена од давател на услуги, која тој ја имал доставено до Секреатријатот, рече Ковачевски.

Слични содржини