Ковачевски за спорот со Бугарија: Ни треба брзо, но не избрзано решение

од Берта Китинска
150 прегледи

Од првиот ден зборувам дека преговорите со Бугарија ги водиме врз основа на европските вредности, врз задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, како и врз основа на меѓусебно почитување и на политичарите и на сите институции во државите.

-Само ако така се водат преговорите, може да има позитивен дијалог, тон и начин на комуникација што ветува дека може да се дојде до решение за кревање на ветото. Ние треба да кажеме дека Северна Македонија има вето од соседна држава за почнување на првата меѓувладина конференција. Доколку бидат тие услови исполнети, тогаш може да се очекува договор, но само ако бидат исполнети тие услови“, потенцира Ковачевски и додаде дека никогаш не спомнал датум, но дека за Македонија час поскоро треба да почне првата меѓувладина конференција..

Премиерот дополни и дека никогаш не спомнал датум.

-Од првиот ден кажав дека ни треба брзо, но не избрзано решение. Ни треба брзо решение зашто проширувањето на ЕУ не е само политичко и економско прашање, туку во овој момент е и геостратешко и безбедносно прашање. Ќе останеме на тој пат, на усогласување на нашата регулатива, на зголемување на транспарентноста и ефикасноста на сите процеси во државата за да ги унапредиме прво работењето и живеењето дома, но ќе инсистираме пред нашите европски партнери, во ЕУ, дека за Северна Македонија час поскоро треба да почне првата меѓувладина конференција, напомена премиерот.

Слични содржини