Ковачевски за Тупанчевски: Доколку се утврдеше дека платил за Палермо со пари од министерството, веднаш ќе побарав оставка

од Nikola Popovski
431 прегледи

Секој функционер мора да се придржува до кодексот на однесување и на сите министри им беше дадено да се потпишат и да прочитаат. За мене беше значајно што јас веднаш контактирав со министерот Тупанчевски после информациите во јавноста за неговото патување и проверив дали од Министерството за правда се исплаќани средства за тоа патување и дали е користено обезбедување. Се потврди дека не е. Доколку се потврдеше дека е, јас ќе барав негова оставка уште истиот ден, рече премиерот Димитар Ковачевски за случајот „Палермо“ и патувањето на министерот за правда, Никола Тупанчевски на натпреварот Италија-Македонија.

Во однос на другите аспекти, Ковачевски вели дека информаци има побарано вицепремиерот за добро владеење и ќе си направи извештај согласно етичкиот кодекс и ќе ги приложи.

-Јас покажав на еден пример на еден директор дека без многу помпа и без многу изјави кога имаше сомнеж, веднаш беше реагирано и веднаш беше сменет, потенцира Ковачевски за тоа што би се случило доколку се појави кршење на етичкиот кодекс на однесување од страна на функционерите.

Слични содржини