Ковачевски: Законот за здруженија и фондации нема преголеми недоречености

од Nikola Popovski
245 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски утрово информира дека измените на Законот за здруженија и фондации се донесени во нашето Собрание и дека нашите закони без разлика дали одат во Венецијанската комисија, ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг со ЕУ.

-Сметам дека тој закон нема преголеми недоречености во него бидејќи алудира на тоа дека чувствата на нашите граѓани кои што се однесуваат на користење на одредени имиња, треба да бидат зачувани. Мојот став е дека на нас ни треба нов Закон за здруженија на граѓани, кој што треба да ги вклучи сите партии и експерти и како основа треба да биде земено германското законодавство, истакна Ковачевски.

Во однос на македонскиот културен центар во Благоевград, Ковачевски изјави дека разговарал со премиерот на Бугарија и ќе бидат испратени документите.

-Тие ќе бидат разгледани од бугарските власти и после тоа можеме да пристапиме кон негово отворање на начин на кој што сме отвориле и претходно во Софија, но и во други држави, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.