Ковачевски: Заштита на стандардот на граѓаните е наш највисок приоритет

од Nikola Popovski
107 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата континуира носи мерки за поддршка на граѓаните во услови на најголема светска економска криза.

-Денес на владината седница донесовме одлука да ги замрзнеме цените на огревното дрво и пелетите. Метар просторен огревно дрво ќе е максимум 4.500 денари, а метар кубен максимум 6.429 денари. Цената на пелетите за огрев, пак, ќе е максимум 27 денари за еден килограм. Заштита на стандардот на граѓаните е наш највисок приоритет, објави Ковачевски на Фејсбук.

Цените ќе бидат замрзнати до 31 декември.

Владата ја донесе и Одлуката за престанок на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која маржата за огревно дрво од даб и бука и пелети за огревно дрво се замрзна на 10 отсто за сите трговци.

„Континуирано спроведувајќи мерки за ублажување на последиците од светската енергетска криза, се грижиме сите да имаат парно оваа зима, поради што ги замрзнавме цените на огревното дрво и на пелетите. Заштитата на стандардот на граѓаните е меѓу нашите приоритети“, се вели во соопштението на Владата.