Ковачевски ќе се обрати на настан на „Киел“, инвестираат 9,2 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Тетово

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе се обрати на настан по повод новата инвестиција на германската компанија „Киел”, која ќе инвестира 9,2 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Тетово.

На настанот обраќања и презентација за инвестицијата ќе имаат претставниците на раководството на „Киел”, како и министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, по што ќе следи официјално потпишување на договорите за новата инвестиција на компанијата.