„Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром пред еден месец“, соопшти денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Молкот на МВР, Царина и Обвинителство доволно говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат, а причината за тоа е дека има сериозен сомнеж за поврзаност на власта со него.
Обвинителството, МВР и Царина во минатото спектакуларно известуваа за далеку помали случаи, а за овој случај нема речиси ништо“, тврди тој.