Ковачки казнет со 30 проценти помала плата: Му се заканувал на началникот на ГШ

од Nikola Popovski

Драган Ковачки, не се задржал само на фејсбук статусите и партиските прес конференции туку му пратил и заканувачка порака на началникот на Генералштабот на Армијата, Васко Ѓурчиноски, со содржина – „Долга е раката на ВМРО“, објави МИА, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Поради тоа, на Ковачки му била покрената дисциплинска постапка, која деновиве завршила со одлука на Началникот на Генералштабот за парична казна во износ од 30 посто од платата во траење од 6 месеци.

Освен за заканувачката порака дисциплинската постапка била проширена и за негов фејсбук статус против претседателот на државата и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, и за непочитување на Правилото за односи со јавност на Армијата.

Слични содржини