Тешко прекршување на Уставот, законите и на Меѓународната конвенција за човекови права, што е директен удар врз демократијата и владеењето на правото, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки откако неговото име се најде на списокот од повеќемина кои биле незаконски прислушувани од страна на АНБ и АР во претходните години.
Во разговор за „Локално“, Ковачки рече дека очекува овие методи од минатото да останат зад нас, а извршителите и нарачателите да бидат изнесени пред лицето на правдата и да одговараат.
Исто така очекува Јавното обвинителство да се разбуди и да излезе со обвинителни акти.