Ковачки: Шекеринска направи кривично дело со објавувањето на класифицираната мапа

од Берта Китинска
389 прегледи

Со објавувањето на интернет на мапата за зоната на одговорност на Третиот пешадиски баталјон, Радмила Шекеринска направи кривично дело казниво со затвор и изврши класичен упад во воениот систем на Република Македонија, вели Драган Ковачки, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.

-Класифицираните податоци и нашиот однос кон нив за зоната на одговорност од класифицирани планови како дел од Армијата, и оваа мапа која е прикажана на фејсбук страницата на министерката на одбрана, како војник кога ќе погледнете ќе увидите дека има определени правци коишто се претставени таму. Ова се класифицирани работи и односот кон нив мора да биде на највисоко ниво, изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост, појасни Ковачки.

Тој вели дека мапата сеуште стои на фејсбук страницата и покрај неговото инсистирање кон министерката да се отстрани мапата, поради тоа што станува збор за кривично дело казниво со казна затвор, таа сеуште стои.

Ковачки истакна дека не само што не смеете во оваа просторија каде што е мапата да внесувате фото и фоно уреди, а камо ли да ја сликате, да ја изнесете и да ја објавите во јавност доверливата мапа.

-Било кој да го направи истото ќе му биде покрената дисциплинска постапка, и ќе му биде одземен безбедносниот сертификат и ќе му биде покрената кривична постапка, без разлика дали станува збор за министер сите ние мора да ги почитуваме законите, вели Ковачки.

 

 

Слични содржини