„А еве го и Ахмети – премиерот во сенка, се јави со некакви црвени линии. Епа ако некој досега имаше дилеми како треба да постапи во врска со референдумот, без разлика дали е Македонец или Албанец, без разлика дали е политички определен или неопределен, после оваа изјава на Али Ахмети сигурно знае што треба да стори“, соопшти членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„На сите ни е јасно дека вистинската страна е спротивна од неговата!“, истакна тој.
Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува. Ова е црвената линија на ДУИ, исто како и Охридскиот и преспанскиот договор, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, за укинување на Договорот со Бугарија. Ахмети рече дека од овие договори зависи иднината на земјава.
-Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.