Ковчегот на кралицата по 24 часа ќе биде префрлен од Единбург во Лондон

од Nikola Popovski

Заврши комеморацијата одржана во катедралата Свети Гилс во Единбург, на која беше одбележан животот на кралицата Елизабета Втора и нејзината поврзаност со Шкотска.

Нејзиниот ковчег ќе остане таму во следните 24 часа, а потоа ќе биде префрлен во Лондон, јави Би-Би-Си.

Кралот Чарлс III и другите членови на кралското семејство ја напуштија катедралата.

Старешината на црквата во Шкотска, Мораг Мејлни, се заблагодари на Бога за долгиот живот, одличниот пример, непоколебливата посветеност на должноста, силната вера и добрата смисла за хумор на мудрата и голема британска кралица.

Слични содржини