Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва.
Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна.
Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања.
Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“.
Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“.
Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.