
Во Соединетите Американски држави повеќе луѓе умреле од ефектите на КОВИД-19 отколку што Америка загуби во Првата светска војна.
Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, 116.526 луѓе починале во САД од почетокот на пандемијата до полноќ во понеделникот, а според официјалните податоци, Америка изгубила 116.516 војници во Првата светска војна.
Иако ниту еден податок не може да биде целосно точен, експертите веруваат дека бројот на убиени војници е многу поточен од бројот на загинати за време на пандемијата.
Се верува дека многу повеќе луѓе починале од ефектите на вирусот, особено во домовите за стари луѓе, затоа што многу од нив не биле тестирани пред да починат.