Велика Британија бележи пораст на бројот на заразени со Ковид-19 во последните недели, при што се проценува дека повеќе од 800.000 луѓе го имаат новиот сој. Еден од седум случаи на национално ниво сега се припишуваат на новата варијанта Ерис откако случаите на вирусот продолжуваат да се зголемуваат кај сите возрасни групи.
Ерис, подваријанта на Омикрон се појавила во Велика Британија на почетокот на мај и била додадена на листата на Светската здравствена организација под терминот EG.5.1. Засега не претставува причина за загриженост.
Видовме мало зголемување на стапките на прием на пациенти во болницаите кај повеќето возрасни групи, особено кај постарите лица. Целокупните нивоа на прием остануваат екстремно ниски и во моментов не гледаме слично зголемување на приемите на интензивна нега. Ќе продолжиме внимателно да следиме, рекла д-р Мери Ремзи, шефица на Одделението за имунизација при Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.
Постојат голем број на симптоми на кои лекарите велат дека луѓето треба да внимаваат со оваа подваријанта. Повеќето од нив се слични на веќе познатите симптоми на Омикрон – болки во грлото, течење на носот, затнат нос, кивање, кашлица, главоболка, рапав глас, болки во мускулите и изменето сетило за мирис. Сепак, отежнато дишење, губење на чувството за мирис и треска повеќе не се главните симптоми.
Професорката Кристина Пагел смета дека постои опасност од нови соеви поради слабеењето на имунитетот и лошите временски услови. Зборувајќи за „The Independent“, таа истакнала дека ќе има „дефинитивно уште еден бран“ во Велика Британија.
Според друго медицинско лице, влажното време во последните неколку недели веројатно не помага со тоа што ги задржува луѓето внатре.
Ерис веројатно ќе биде доминантен до септември кога децата ќе се вратат на училиште, а возрасните ќе одат на работа или на факултет и плус сите ние ќе почнеме да поминуваме многу повеќе време внатре. Ова е повик за будење што нагласува дека не можеме да бидеме целосно мирни кога станува збор за Ковид-19. Треба да внимаваме на новите варијанти и да бидеме внимателни додека се подготвуваме за неизбежниот пораст на инфекциите во текот на есен/зима, истакнала вирологот Лоренс Јанг за „MailOnline“.
Симптоми на сојот Ерис
Воспалено грло
Течење на носот
Затнат нос
Кивавица
Сува кашлица
Главоболка
Влажна кашлица
Болка во мускулите
Променет мирис