КОВИД 2: Нови бескаматни кредити за фирмите погодени од корона кризата

од Берта Китинска
470 прегледи

Министерката за финансии Нина Ангеловска  најави бескаматни кредити кои на располагање на микро, малите и средните компаниите  ќе им бидат од 29 април.

-За линијата „Ковид-2“ обезбедени се средства за кредити од компензационите фондови од Јапонија. Бескаматните кредити кои од 29 април ќе им станат достапни на фирмите се за зачувување на работните места и за заштита на ликвидноста на фирмите. Максималниот износ на кредитот е 90 илјди евра, а минималниот износ е 3.000 евра.  Рокот на отпалата е до три години, со вклучен грејс период до 12 месеци, а обезбедувањето ќе се врши со меница. најави Ангеловска.

Слични содржини